Македонската фудбалска репрезентација до 17 години новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство во 2023 година ќе ги почне во група со Франција, Исланд и Луксембург, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Термини за одигрување на квалификациските турнири се идната пролет и есен, а пласман во елитната рунда ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации во 13-те квалификациски групи, како и уште четири најдобро третопласирани тимови.

Домаќин на Европското првенство во мај 2023 година ќе биде Унгарија

 

OhridNews