Охриѓанецот Шенол Меди беше дел од македонската репрезентација за фудбалери до 17 години која во Струмица претпре пораз од Германија со 2-0 на првиот натпревар од квалификациите.

Творец на победата беше Пакер кој на два пати ја затресе нашата мрежа и тоа во 60 и 83 минута. На останатиот натпревар во групата Турција со идентичен резултат 2-0 ја совлада Финска.

Во наредното коло Македонија ќе игра против Турција.

М.П.