Популарното кабаре шоу на извонредните професионални актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, алијас „Two Mothers Brothers“, денес ќе биде изведено на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 20 часот.
Станува збор за неверојатна комедија збогатена со авторски песни и пеколни пародии на познати нумери. Динамично дуо, појачано со музичката генијалност на маестро Никола Јосифоски на клавијатура и маестро Јане Тодороски на контрабас.
Шоуто е во рамки на програмата која Општина Охрид ја подготви по повод претстојните новогодишни празници.
OhridNews