Компанија специјализирана за истражување на социјалните мрежи даде изјава дека Twitter во моментов има 500 милиони корисници ширум светот.
Според овие извештаи 140 милиони корисници се од САД додека популарноста на Тwitter во Бразил и во другите земји од Јужна Америка пораснала за 23 проценти.

Па така првите три места на листата ги завземаат САД со 140 милиони, Бразил со 41.2 милион и Јапонија со 35 милиони корисници.
Според истото истражување, Џакарта е најактивниот град по бројот на твитови, а по него следуваат Токио на второ место и Лондон на трето.