Ангелес Дуран од Шпанија побарала кај нотар да ја заверат како сопственичка на сонцето. На оваа идеја дошла кога во весник прочитала за некој американец кој се запишал како сопственик на Месечината и поголем број планети во сончевиот систем. Објаснила дека во меѓународните договори сопственик на планета или ѕвезда не може да биде држава, но никаде не пишува дека сопственоста не може да ја превземе поединец.


Нотарот ги заверил документите во кои пишува дека Дуран е сопственичка на сонцето, кое е лоцирано во центарот на Сончевиот Систем и е оддалечено од земјата околу 149 милиони и 600 илјади километри. Сопственичката сака да го наплаќа користењето на нејзиниот посед. Од парите кои би ги добивала 50 проценти би давала на шпанската влада, 20 проценти на пензионерите, а 10 проценти би вложила во истражувања. За себе би задржала 10 проценти, а уште толку би дала за гладните во светот.