Еилиш Де Авалон, која самата се нарекува вештерка, била запрена од сообраќаен полицаец, а таа му објаснила дека е над законот бидејќи е од друг свет, во кој човечките закони не важат. Потоа заминала со полна брзина и го влечела полицаецот двесте метри долж улицата. Потоа таа била приведена, а на полицајците им рекла дека има необично име кое не се препознава во обичниот свет.


Полицаецот кој го влечела по улицата имал тешки повреди, а против жената била подигната тужба. Да немало семафори по патот, несреќниот полицаец можел да загине. Таа додала и дека на луѓето како неа возачката дозвола не им е потребна.