Џипси Лесон, 29 годишна девојка од САД, го уверила обезбедувањето дека е бремена и ја поминала контролата на аеродромот во Лос Анџелес.


Го прошверцувала мајмунот враќајќи се од Банког, Тајланд, каде што била со мајка и Френ Огрен. Стапила во контакт со Борис, со кого комуницирала преку е-маил уште додека била во САД. Тој и набавил мајмун и го заспал со пилули, за да може Џипси да го внесе во САД. Ја откриле неодамна, кога се појавила во еден трговски центар со мајмунот, кого го нарекла Апо. Била со своето момче и му се фалела на еден продавач како го прокриумчарила мајмунот во земјата. Продавачот за тоа ја известил полицијата која ги уапсила и мајката и ќерката. Судот ги обвинил за криумчарење, па и двете ја чекаат својата пресуда.