Пол Турин од Италија бил снимен од радар додека возел со својот мотор со брзина од неверојатни 543 км на час. Му ја одзеле возачката дозвола и му напишале казна од 200 евра. Момчето се жалело на казната и тврди дека радарот бил расипан, бидејќи во спротивно, со таа брзина, би го победил и Валентино Роси на Мото Гран При трките.
Ако судот му ја одбие жалбата ќе се пријави во Гинисовата книга на рекорди, за да добие некоја утешна награда за неверојатното возење. Од полицијата велат дека радарот бил во исправна состојба, а и дека е можно некој да направил грешка во документите.