Доктор Вера Стојчевска -Антиќ денеска во Центарот за култура во Охрид ќе одржи Творечка лабораторија.

На трибината ќе се разговара  за неколку дела на авторката. Теми за дискусија ќе бидат книгите “По стапките на христијанството во Македонија”, напишана од Стојчевска – Антиќ и од Методиј Златанов, “40 чествувања  на гробот на Свети Кирил Филозоф во Рим ” напишана од авторката, епископ Климент и Славе Николовски-Катин, како и делото “Претскажувања на голем Александар”.

Творечката лабораторија ќе се одржи во Салонот на уметностите во Центарот, со почеток во 18 часот.

Ohridnews