Помина околу месец дена откако Перо ја промовираше неговата најнова песна и доволно за тој да ја круниса со видео запис. Песната постојано се врти на ситерадио станици во државава и веќе стана хит. Тоа е главната причина поради која Перо се одлучи да ја овековечи со видео запис кој ќе биде прв во неговата кариера. За целокупната реализација на видео записот
задолжен е младиот и талентиран Даниел Јовески.
„Деновиве со мојата екипа спремаме сценарио за првиот видео запис на Перо Пандилоски кој е еден од најдобрите вокали кои влегле во моето студио и испеале моја песна. Овојвидео запис е мој втор запис каде се јавувам и како композитор на песната и како режисер“ – вели Даниел Јовески.