ТВ Ватикан во специјалната божиќна програма  денеска емитуваше посебна репортажа посветена на духовната и хуманата посветеност на македонскиот поп пејач Тоше Проески.

Во 15 минутната приказна за Тоше и неговото верување во семожниот Господ Бог се истакнува дека за својот краток век, тој со целото свое битие бил посветен на верата, црквата и хуманоста, и дека  неговите песни со текстовите и музиката беа молитви. Во емисијата беше спомнато дека Тоше ги радуваше и сплотуваше луѓето без разлика на која нација, вера или генерација и припаѓаат.

Во репортажата се пренесува чинот кога Проески на неговиот хуманитарен концерт на стадионот во Скопје ја прима последната награда во својот живот-токму статуата на Мајка Тереза и која и ја предава на својата мајка Домника, при тоа нагласувајќи дека добрината и хуманоста ги наследил од родителите.

Во емисијата се  истакнува дека Тоше е личност на годината во Македонија и во Хрватска, а се нагласува дека покрај ктиторството на манастир, до неговиот гроб во родниот град Крушево ќе се гради и црква во чест на ангелот на нашето време- Тоше Проески. Во тв записот се истакнува дека Тоше е идол на младите и симбол за богољубието и хуманоста и се пренесува идејата за негова световна канонизација

На посебно пано во куќата на сестрите на Мајка Тереза во Ватикан, се изложени сликите на кои Тоше од носителот на чествувањата во спомен на идната светица, хуманист и новинар на 2007 година во Македонија Стојан Тренчевски ја прима последната награда-токму статуата на блажената Мајка Тереза и поштенска марка на која е ангелот Тоше со гулаб.

ohridnews