Американската секс бомба, ритам и блуз ѕвезда Бијонсе на 29 јуни се враќа на телевизијата HBO, која во летниот период секоја недела од 20:55 часот ќе емитува петминутна серија од десет епизоди за последната турнеја на пејачката „Mrs Carter World Tour“. Гледачите ќе имаат прилика да ги видат најсјајните моменти од 132-та концерти, кои Бијонсе ги одржа за нешто помалку од година дена.

Распродадената турнеја стартувала на 15 април минатата година во Белград, а завршила оваа година, на 27 март со концерт во Лисабон. Заводливата пејачка ја зголемила банкарската сметка за вртоглави 212 милиони долари, со што го потврдила статусот на една од најплатените музички ѕвезди на денешнината.