Полицијата попладнево влезе во националната телевизија А1, објави телевизијата, каде според информациите на нејзините новинари, на вработените не им се дозволува излез и влез од тв куќата.

Главниот и одговорен уредник на А1, Младен Чадиковски, во изјавата што беше емитувана во дневникот на телевизијата во 19 часот, истакна дека ниту тој, ниту вработените не знаат што се случува.

-А1 во моментов повеќе наликува на мини воена база во која ниту врапче не може да прелета без да се легитимира. Слободата на движење на новинарите и вработените во А1 не смее да биде попречена, но не ни е покажан налог и не ни кажаа зошто е затворена капијата на телевизијата. Ова е еден силен притисок врз нас новинарите и врз А1 телевизија, која што е единствен медиумски демократски столб во моментов, истакна Чадиковски, кој ја повика министерката за внатрешни работи да дојде и на вработените во А1 да им објасни зошто полицијата ја држи телевизијата под опсада.

OhridNews