Јапонецот Јоичи Шимамото ја тужи авиокомпанијата Јунајтед Аирлајнс, бидејќи како што тврди, стјуардесите го опиле, па поради тоа ја истепал сопругата.

Шимамото со сопругата патувал од Осака за Сан Франциско и за време на летот без престан пиел алкохол. Во тужбата тврди дека пијалокот не го барал сам, туку дека стјуардесите му го носеле на секои 20 минути. Кога слетале, сопругата му приговорила за тоа што се напил, после што тој ја претепал.


Веднаш бил уапсен и осуден на условна казна затвор од 18 месеци, но неговите адвокати одлучиле да ја тужат авиокомпанијата, бидејќи според американските закони угостителите се виновни за се што ќе направат луѓето кои се напиле во нивните локали.

Правниците сеуште се намаат усогласено со тоа дека авионот треба да се третира како кафеана. Но Шимамото од Јунајтед Аирлајнс бара оштета од 100.000 долари, плус судски трошоци.

„Мислиме дека тужбата во најмала рака е смешна“ – рекол претставник на авионскиот превозник.