Еден жител на Нов Зеланд одлучил правдата да ја побара пред суд. Ова не би била вест доколку повод за неговата тужба не било уверувањето дека му се прекршени потрошувачките права кај проститутка. тие двајца склопиле договор за двомесечно „дружење“. Меѓутоа, нивната последна средба завршила со жестока кавга во февруари 2012 година. Тогаш се обидела да му го врати мобилниот телефон кој и го дал за секогаш да му биде достапна.
Следен пат се сретнале на суд, каде рекол дека му се прекршени правата од законот за потрошувачите и дека не бил „услужен во слад со парите кои и ги дал“. Барал оштета од дури 70 илјади долари. Судијата ги отфрлил неговите тврдења, а случајот го нарекол „губење на време“. Рекол дека не само што смета дека нивните постапки се несериозни, туку и вознемирувачки. Додал дека обајцата залудно го трошат времето на сериозни луѓе.