Британското друштво за заштита на животните се заканило дека ќе ги тужи сите сопственици на кучиња кои ги облекуваат своите љубимци. Во друштвото велат дека облекувањето чизми, капути и шешири негативно влијае врз кучињата.

Кучешката мода стана профитабилен бизнис, а оние кои го водат се повеќе ги наговараат сопствениците да ги облекуваат кучињата. Познатата лондонска модна куќа Хародс, секоја година претставува нова модна колекција за кучиња и организира ревии како оние кои ги организираат големите модни креатори.


Британскиот закон за заштита на животните е проширен во 2007 година. Во не го се вели дека дожност на секој сопственик на животно е да му обезбеди почитување и задоволување на неговите потреби.

„Ниедно куче не смее да се третира како моден детаљ, бидејќи тоа го понижува животното“ – рекол претставник на друштвото за заштита на животните.