Научниците од универзитетот во Верона објавија дека први успеаја да одгледаат сорта на тутун која содржи човечка противупална белковина. Оваа белковина, според стручњаците, кај луѓето заболени од дијабетис, дебелина и слично, е на многу пониско ниво од нормалното.
Од лековитите состојки на тутунот се произведуваат лекови за спречување развој на болеста. Една голема тутунска корпорација веќе изразила интересирање за новата примена на тутунот во медицината и ветила финансирање на вакви проекти.