Прераната смрт на Тутанкамон, на 19 години, е резултат на инцестот на неговите родители, открил еден тим научници. Истражувачите со години се обидуваат да откријат зошто младиот фараон кој на престолот поминал десет години умрел толку рано. Користејќи ЦТ снимки и ДНК анализа, дошле до заклучок дека неговите родители биле брат и сестра и дека поради тоа младиот фараон бил со нарушено здравје.
При ваквите случаи постои голема веројатност да се наследат штетни гени од родителите, што доведува до генетски болести. Досега постоеле неколку теории за неговата смрт. Според една бил убие со удар во главата, а според друга умрел поради кршење на неговата нога.