Рекордот за најголем кебап на светот бил соборен во турскиот главен град Анкара. На изработката на овој кебап тежок 1198 килограми работеле десет готвачи. Кебапот направен од месо од седум крави бил поставен на челична жица долга 2,5 метри.
Меѓутоа, не се знае колку миленици на овој специјалитет имале можност да го пробаат. Претходниот рекорд изнесувал само 468 килограми. Рекордот за најголем свински кебап го држел еден грк.