Протестите во најголемиот турски град Истанбул, што започнаа вчера против сечење на 600 дрва во познатиот кварт Таксим за изградба на трговски центар, денеска добија на интензитет. Откако вчера полицијата со употреба на солзавец и сила ги разби демонстрантите, денеска на улиците на Истанбул излегоа уште поголем број граѓани, а протестите се проширија и во другите турски градови, што се толкува како израз на незадоволство од политиката и однесувањето на актуелната власт.
Меѓу протестантите има и познати личности. Турските медиуми во толпата го уловија акерот Халит Ерганч, кој го толкува ликот на султанот Сулејман во популарната серија „Величествениот“.
Во протестите има повредени, приведени се над 130 лица, а оштетени се и голем број деловни објекти.
Претседателот на Турција Абдула Ѓул денеска упати апел за смирување на ситуацијата, посочувајќи дека протестите против изградбата на трговскиот центар достигнале загрижувачки размери.