Турција останува доверлив сојузник на НАТО, а претседателот Реџеп Таип Ердоган ја отфрли загриженоста на западните земји поради набавката на против-авионски ракетен систем од Русија. Портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин на денешната прес-конференција рече дека добрите релации на Анкара со Москва не претставуваат прекинување на односите со западот.
Турција ги загрижи западните сојузници откако на 12 септември објави дека потпишала договор за купување на ракетен систем од Русија вреден 2,5 милијарди долари.