Турските власти досега ослободија 33.838 затвореници, изјави денеска министерот за правда, Бекир Боздаг. Турција најави ослободување на 38.000 луѓе, за да се ослободи простор за илјадниците осомничени во врска со неуспешниот преврат од 15 јули.

Турција во меѓувреме уапси илјадници луѓе од државните функции, но и од приватниот сектор, а голем е бројот и на оние кои беа задржани во притвор.

OhridNews