Турските спасувачки екипи вчера во градот Еркис извлекоа жив маж од под урнатините на една од зградите кои настрадаа во земјотресот кој пред четири дена го погоди југоистокот на Турција, јави „Макфакс“.

Преживеаниот, кој под урнатините минал цели 92 часа, беше одведен во болница со возило на брза помош, испратен од аплаудирањето на очевидците.


Еркис беше најсилно погоден од земјотресот со јачина од 7,2 степена според Рихтер. Во земјотресот кој ја зафати пошироката покраина Ван загинаа најмалку 534 лица, а 2.300 беа повредени, според најновите извештаи од турските власти. Во потресот беа срушени и преку 3.000 згради.

Денеска изутрина нов потрес го погоди градот Јуексекова, исто така на југоистокот на Турција и на 250 километри од претходно погодената област, но не предизвика ниту штета, ни жртви.

OhridNews
извор:„Макфакс“