Најмалку девет луѓе загинаа, меѓу кои тројца полицајци, а 64 биле повредени, во силна експлозија која се случила во близина на полициска станица во местото Џизра, во југоисточниот дел на Турција.
Силната експлозија целосно ја уништила полициската станица и оштетила неколку згради во околината. Според турските медиуми експлозијата била предизвикана од автомобил бомба.
Агенцијата Анадолу пренесе дека за нападот е одговорна Работничката партија на Курдистан. Џизре се наоѓа во провинцијата Ширнак, која се наоѓа на границите со Сирија и Ирак. Во оваа област живеат Курди.
OhridNews
извор Макфакс