Одлуката за сврстување на турското кафе на листата нематеријални добра на УНЕСКО ќе биде усвоена на почетокот на декември. Одборот за заштита на нематеријални културни добра при Организацијата на Обединетите Нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) на седница од 2 до 8 декември во главниот град на Азербејџан, Баку, ќе гласа за сврстување на турксото кафе на листата нематеријални културни добра. Извори блиски до УНЕСКО очекуваат позитивен исход на ова гласање.

Кафето е традиционален турски топол напиток, кој оставил впечатлив траг и на традицијата и културата во многу други делови на светот, меѓу кои и Балканските простори. Иако на Балканот и денес се задржал називот „турско кафе“, во праксата станува збор за многу сличен, но сепак не идентичен напиток. Имено, постојат извесни разлики во правењето на кафето во Турција и на Балканот. Додека кафето во Турција се меша во ладна вода и се вари заедно со шекерот, кафето на Балканот најчесто се прави во врела вода, а шекер се додава во сервирањето. Оригиналното туско кафе е со многу појак вкус од она на Балканот.