Во трилер натпревар, со неверојано драматичен финиш, репрезентацијата на Турција ја совлада Хрватска и стана вториот полуфиналист на ЕП во фудбал што се игра во Швајцарија и Австрија.
Во регуларниот тек беше 0:0, а драмата започна во финишот од продолженијата, кога најпрвин Класниќ во 119 м. ја доведе Хрватска во водство, на што возврати Сами Шентурк кој постигна изедначувачки гол во 121 минута.
Во пенал рулетот турците го искористија психолошкиот пад на хрватските репрезентативци кои не реализираа три удари од белата точка и стигнаа до победа од 4:2. Во полуфиналето Турција ќе игра со Германија.
Ohridnews