Турското обвинителство побара казна од 15 години затвор за 11 активисти за човекови права. Меѓу обвинетите се и директорката на турскиот огранок на Амнести интернешнал, Идил Есер и по еден германски и шведски државјанин.

Активистите од кои осум се во притвор, се обвинети за припадност и помагање на „вооружена терористичка група“. Најголем дел од нив се уапсени во јули и обвинети за врски со терористичка организација.

OhridNews
Макфакс