Вечерва, од 17 до 19 часот, на градскиот плоштад „ Св. Климент Охридски“, охриѓани и гостите ќе имаат можност да проследат промоција на турската култура.

Настанот е во рамки на проектот „Балкански караван“ за промоција на турската култура од страна на општина Кучукчекмеџе во соработка со институтот  Јунус Емре и општина Охрид, а со цел зачувување на добрите пријателски односи и соживот на Балканот кои се проткаени со силни историски врски преку традиционални културно-уметнички активности.

Во текот на двата часа, ќе се прикажат народни ора од различни предели на земјата, куклена претстава Хаџиват и Караѓоз, дервишки танц, како и техники на уметностите Ебру, Бакар и Калиграфија.

Со цел подобро да се почуствува турската кулурна традиција посетителите ќе бидат послужени со турско кафе, османлиски маџун и шеќерен памук.

OhridNews