Околу седум илјади турски специјалци ги блокирале приодите и ја опколиле воздухопловната база Инџирлик, во јужниот дел на земјата, поради шпекулации за втор обид за воен удар во земјата, објави весникот „Hürriyet“, пренесува „Макфакс“.

Како што пишува весникот, текот на операцијата многу потсетувал на активностите на армијата на 15-ти јули, кога ноќта се одвиваше неуспешниот обид за државен удар. Според информации од полициски извори, операцијата траела два и пол часа.

Министерот за европски работи, Омер Челик, нa „Twitter“ објави дека блокирањето на базата било дел од „целокупната безбедносна процена, не и дека не постојат никакви проблеми“.

Според непотврдени информации, безбедносните сили ги блокирале сите влезови и излези од воздухопловната база, поради сомневање за нов обид за државен удар. Пристапот кон базата бил блокиран околу 23 часот ноќта во саботата.

Два дена по неуспешниот обид за пуч, беше објавено дека под обвинување за учество во обидот за соборување на власта во Турција е уапсен командантот на воздухопловната база „Инџирлик“, генералот Бекир Ерџан Ван заедно со уште десет офицери, која ја користат и авионите на НАТО и земјите од коалицијата предводена од САД во борбата против џихадистичката група Исламска држава во Сирија и во Ирак. Сите операции од базата „Инџирлик“ се запрени од 15-ти јули вечерта, со појаснување поради безбедносни причини.

OhridNews
извор: „Макфакс“