Турските риболовци уловија две ајкули од кои едната е најголема во оваа сезона, во Ајваџик, на брегот на Егејското Море недалеку од грчкиот остров Тасос, јавува турската агенција Џихан. Ајкулите тешки 700 и 400 килограми се уловија во рибарските мрежи на длабочина помала од 350 метри, наведува агенцијата.
Риболовецот Мустафа Картал изјави дека никогаш претходно не видел толку големи ајкули. Изјави дека морале да користат дигалка за да ги кренат на бродот. Додал дека турците обично не конзумираат месо од ајкула. Според неговите зборови, ајкулите ќе бидат продадени во Грција каде килограм од овој вид риба се продава од три до шест евра.