Од Центар за култура “Григор Прличев” најавуваат дека на 10- ти ноември со почеток во 20 часот, во Охрид актерите од НУ Турски театар ќе ја изведат претставата „Госпоѓица Јулија“ од   Август Стриндберг во режија на Александар Поповски.

Улогите во претставата ги толкуваат: Сузан Акбелге, Осман Али, Несрин Таир. Сценографија, костимографија, дизајн на плакат: Свен Јонке, асистент на режија е Лука Кортина.

OhridNews