Турскиот репрезентативец Ерај Каракоч е третото засилување за гладијаторите за плеј-оф натпреварите. Тој ќе го носи дресот со број 28, а договорот е потпишан до 2024-та година.

Каракоч игра на позиција среден бек, а во Охрид доаѓа од турскиот Трабзон. Има 17 официјални настапи за турската репрезентација. Има 21 година и e висок 183cm, информираат од клубот.

Претходно ГРК Охрид потпиша договори со словенецот Гал Цирар и Стефан Дрогришки.

OhridNews