Во дводневна официјална посета на Македонија денеска ќе допатува премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Високиот гостин на аеродромот „Александар Велики“ ќе го пречека претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски. Предвидена е тет-а-тет средба на премиерите, како и официјални разговори на македонската и на турската делегација.

Турскиот премиер Ердоган денеска ќе биде примен од претседателот Ѓорге Иванов и од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а ќе оствари средба и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Ердоган во Македонија ќе допатува со сопругата Емине, која во придружба на сопругата на македонскиот премиер, Боркица Груевска ќе ја посети Детската амбасада „Меѓаши“ во Скопје.