Два турски ловци Ф-16 го прекршиле меѓународниот воздушен простор на Грција, објавува електронското издание Екатимерини. Според соопштението на војската, инцидентите – вкупно три на број – се регистрирани во понеделникот во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското Море.
Авионите се придружувани од тактички транспортен авион ЦН-235, кој исто така влегол во Атинскиот регион за лет информации, извршувајќи вкупно четири нарушувања.
Сите турски авиони се пресретнати и придружувани од воздухопловните сили на Грција во согласност со меѓународните практики.
OhridNews
извор Макфакс