Најмалку 32 лица загинаа во падот на товарен авион Боеинг 747-400 на турска авиокомпанија, утрово, во близина на аеродромот Манас, кај главниот град на Киргистан, Бишкек, соопштија властите.
Во извештаите на светските медиуми се наведува дека меѓу настраданите има и четворица членови на екипажот. Повеќето од жртвите, меѓу кои има шест деца, се жители на селото во кое се урнал авионот при обид да слета во густа магла. Како последица на слабата видливост, авионот паднал во населено подрачје во 7.31 по локално време, кога повеќето од локалните жители спиеле. При падот биле оштетени најмалку 15 куќи во селото.
Авионот на ТК6491 летал кон Хонгконг и требало да слета во Бишкек, а потоа да продолжи кон Истанбул. Според извештаите, тој паднал на само два километри оддалеченост од аеродромот на кој требало да слета.
Киргистанското министерство за здравство соопшти дека авионот се урнал јужно од главниот град Бишкек усмртувајќи најмлаку 15 лица во населено место во близина на аеродромот, како и 17 лица во авионот.
OhridNews
извор Макфакс