Делегација на полицијата од градот Истанбул – Турција, која се наоѓа во официјална посета на Македонија, денеска ќе престојува во посета на Охрид.
Турската полициска делегација ќе се сретне со престставници на СВР Охрид. На средбата ќе бидат разменети мислења и ќе се разговара за идни форми на соработка помеѓу полициите на двете земји.
Детали од разговорите ќе бидат соопштени на прес конференција на која ќе се обратат преставници на македонската и турската полиција.
ohridnews