Патнички авион се излизгал од замрзнатата аеродромска писта по слетувањето во турската провинција Трабзон, информираат светските медиуми. На интернет се појавија и фотографии и снимки што го прикажуваат патничкиот авион кој имал неуспешно слетување и завршил на калливите карпи надвиснат над Црното Море.
Станува збор за патнички авион од типот „Боинг 737-800“ на „Пегаз ерлајнс“, кој летал од Анкара за Трабзон. На драматичните снимки, се гледа дека на авионот заглавен во калта му отпаднал еден мотор, а од кабината на пилотите излегува чад.
Сите 162 патници и екипажот биле евакуирани од авионот и се безбедни. Локалниот гувернер, Јуцел Јавуз, најави истрага која ќе треба да ги утврди причините за оваа необична несреќа.
OhridNews
Макфакс