Еден турски брачен пар, Рафет и Нургул Цечен на новородениот син му дал име Али Умут Меси, по напаѓачот на Барселона и Аргентинската репрезентација Лионел Меси, пренеле турските медиуми. Среќниот татко рекол дека си ветил дека синот ќе му се вика според фудбалер кој е пример на техничко знаење, интелегенција и посветеност.

Тој напомнал дека токму Меси ги поседува сите тие квалитети. Рафет рекол дека го следел Меси и неговата кариера откако прв пат заиграл за Барселона. Тој според него бил пример за совршен фудбалер.