Турскиот милијардер Мухсин Бајрак е заинтересиран да го купи премиерлигашот Челзи, јавија британските медиуми, додавајќи оти веќе е испратена официјална понуда за трансфер на сопственоста.
Сопственикот на актуелниот европски првак, Русинот Роман Абрамовиќ, во средата објави дека ќе го продаде лондонскиот клуб на чие чело е 19 години поради санкциите што и се наметнати на Русија како одговор на инвазијата на Украина.
Интерес за купување на Челзи досега изразија неколку страни, а сега им се приклучи и Бајрак, градежен, енергетски и технолошки магнат.
Апсолутно можеме да ја потврдиме нашата понуда за Челзи, изјави извршната директорска на „АБ Груп Холдинг“, Седа Бајрак.
OhridNews