Турски хотелски бренд сериозно е заинтересиран за изградба на луксузен хотел на локацијата во комплексот Горица, за која Владата неодамна повторно распиша меѓународен тендер, ни изјави директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо.

-Една од компаниите која учествува на Македонско – турскиот бизнис форум што се одржува во Охрид, сака да ги види можностите за изградба на луксузен хотел на ривиерата, изјави Мизо.

Тој рече дека не може да го соопшти името на компанијата, бидејќи таа сеуште го анализира пазарот по што ќе уследи евентуалната одлука за учество на меѓународниот тендер.

-Тие се тука и сакаат да ја видат локацијата. Она што го гледаат тука велат дека  е волшебно. Нивниот лет од Истанбул до Охрид траеше 55 минути, што е многу поблиску од многу градови во Турција. Ни кажаа дека за да стигнат до некои места на ривиерата во Турција им треба час и половина, а овде  сме за помалку од еден час и зошто да немаме и хотел во Охрид каде би дошле турски туристи да се одморат, ги пренесе импесиите на заинтересираниот инвеститор, Виктор Мизо.

На  Македонско-турскиот бизнис форум, што официјално започна вчера,
учествуваат претставници од преку 100 турски и околу 200 македонски
компании.

Ohridnews