Со културно уметничка програма, турската заедница во Охрид, синоќа во Центарот за култура ја одбележа 64 годишнината од воведувањето на турскиот јазик во образовната настава во општина Охрид, што се случило на 21 декември 1944 година. Почетоците на образованието на турски јазик во Охрид датираат една година порано, кога според кажувањата, на турски се учело во Воска и кај Крст-џамија.
Турската заедница го одбележа воведувањето на мајчиниот јазик
во образованието во Охрид
Ова е извонредно значаен датум за турската заедница во Охрид, изјави за ohridnews Јелзет Али од здружението на граѓани „Крабегомале“.
Ние имаме и докази од турскиот архив дека на овие простори се учело на турски јазик со сведителства и други документи со печати од училишта, вели Али.
Од 1944 година наваму, над 120 наставници, ја изведувале наставата на турски јазик во Охрид и другите градови, а првиот наставник на овие простори бил ефенди Емрула Хајредин кој опфатил четири периоди на различно владеење во Македонија.
Али меѓуетничките односи во Охрид ги оценува како мошне добри. Но, секогаш може подобро, а тука своја улога треба да одиграат и медиумите, додава таа. Во рамки на одбележувањето на 64 годишнината од од воведувањето на турскиот јазик во образовната настава во општина Охрид покрај богатата културно уметничка програма беше отворена и изложба на фотографии од турскиот период и поблиското минато. На свеченоста присуствуваше градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој ги поздрави присутните.
изложба на фотографии од турско и поблиското минато
Г. Момироски