За две години, во земјава треба да никнат 44 ветерници како дел од инвестицијата на турска копманија, за чија цел ќе бидат издвоени околу 130 милиони евра.

Компанијата „НеСа енерџи“, активностите за изградба на 110-мегаватна постројка ќе ги реализира од јули, започнувајќи од Богданци. Како што потенцираат од оваа компанија, проектот треба да заврши за две години, додека во моментов се преговара со некоја од банките за финансирање на проектот.

Инаку, турската компанија веќе го потпиша договорот за изградба на ветерниците во Богданци.

OhridNews