Турските бизнисмени попладнево се сретнаа со стопанствениците од Охрид со кои разговараа за можностите за инвестирање во општината. Стопанствениците потпишаа меморандум за соработка кој треба да ја продлабочи економската соработка помеѓу Трабзон и Охрид.
Трабзон е пристаништен град со околу 5.000 бизнисмени и 1.000 производни фирми. Годишно Трабзон извезува стоки во вредност од една милијарда евра, а низ него поминува и Патот на свилата.