Делегација од Турција предводена од претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ- Асоцијација на туроператори од Турција, Мехмет Акус, заедно со уште осумнаесет туроператори и нивни членки од вчера се во официјална посета на Македонија, а во текот на наредните денови ќе дојдат во посета на Охрид.

-Посетата наОхрид и Македонија има за цел да ги презентира хотелските капацитети и да придонесе за зголемување на бројот на туристи, односно проширување натуристичкиот пазар, зголемување натурстичката размена меѓу Турција и Македонија, да ги зацврсти веќе постоечките и да создаде нови партнерства во туристичката област, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Оттаму објаснуваат дека во организација на во Министерството за надворешни работи во Скопје веќе биле остварени бизнис средби со ченовите на ТУРСАБ и туристичките агенции од Турција, а бил потпишан и Меморандум за соработка.

-Претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ, Мехмет Акус искажа благодарност за поканата за посета на Македонија од страна на АППТРМ, за целокупната организација, гостопримливоста, големиот интерес од страна на македонското туристичко стопанство и се надева на успешна посета, остарени многу значајни контакти со цел продолжување и зголемување на успашната туристичка размена со Турција, информираат од АППТ.

Покрај Охрид и Скопје, гостите од Турција ќе го посетата и винскиот регион, Битола и музејот на Кемал Ататурк.  

OhridNews