Туроператори и новинари од Русија деновиве престојуваат во Македонија во рамки на промотивното патување кое го организира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

-На едно неделното патување, гостите имаат можност да се запознаат со културните и природните убавини на Македонија, да ја почувствуваат македонската гостопримливост, да пробаат македонски специјалитети и врвни вина. Според руските експерти за туризам, Македонија е привлечна и идеална дестинација за манастирски туризам, културни, гастрономски и вински тури, велат од АППТ.

Оттаму информираaт дека во текот на вчерашниот ден, гостите од Русија оствариле средба со претставници на туристичкиот сектор од Македонија, на која се разговарало за можностите за идна соработка.

На промо турата има претставници од „Visit Macedonia Moscow”, „Peremena group Moscow”, „Interfaks Moscow”, „Stranniki Moscow”, „Prontotour Moscow”, „Globus Travel Voronez”, „Solicsclub“, „Karitiada Moscow”, „Turkompas Moscow”, „Pokrov Moscow” и „Rostour”.  

OhridNews