Од денеска до недела во Охрид ќе престојуваат претставници на туроператори и медиуми од Србија, пред кои ќе бидат презентирани туристичките можности на градот.

Покрај средби со македонските туристички работници гостите од Србија ќе ги разгледаат културно – историските знаменитости на градот, а домаќините подготвуваат и презентација на национални специјалитети.

Србите во изминатите неколку години се најбројни странски туристи во Охрид.

OhridNews