Охридските бели се погрижија за уште едно изненадување во првата рунда од купот. На “Билјани Извори “ Охрид со убедливи 3-0 го совлада второпласирниот во првата лига Хоризонт Турново.
Охриѓани ја искористија заспаноста, на гостите и по првата прилика преку Далчев поведоа со 1-0. Украде играчот за врска една топка во средината се проби и од работ на 16-от го матираше Димоски.
Голот ги отрезна гостите, кои заиграа како што се очекува од нив, се закана Пандев избегна една офсајд замка излезе очи в очи но Трајаноски беше поуспешен од него, продолжија турновци да напаѓаат а Тенекеџиев имаше убава прилика но Трајаноски не се дава.
Во финишот на првиот дел капитенот Димоски биеше неговиот презимењак од спротивниот табор, не го скроти неговиот удар, на одбиената притрча Грујоски кој ја врати топката во казнетиот простор на која налета Марковски и ја заби во противничката мрежа за огрмна радост на “рибарите“.
Охриѓани продолжија да играат како во транс, се редеа приликите пред голот на гостите, а по центаршутот на Бинески охридската десетка Димоски одлично ја прими топката и со полуволеј го матираше немоќниот Димоски.
По овај гол играта на индиспонираните гости се распадна, а пристуните на стадионот се прашуваа кој е прволигашот во овај дуел.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com