Традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2015“ ќе добие нов шампион од екипите Спаски Пердул и Кадмо откако минатогодишниот победник Асп Пак беше елиминиран во 1/2 финалето.
Полуфиналните пресметки понудија многу возбудувања и погодоци и најавија вистински спектакл во финалето кое е закажано за петок во 22 часот. Претходно во малото финале ќе се сретнат ланските финалисти Асп Пак – Мистер И.
Покрај паричните награди кои изнесуваат вкупно 120 000 денари организаторите имаат обезбедено признанија за најдобар голман и најдобар играч.
Ohridnews