Се е подготвено за почетокот на јубилејното 40-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2014“ во Мешеишта.
34 екипи ќе се борат за првото место кое носи награда од 60 000 денари, второпласираниот ќе добие 30 000. Победникот во малото финале 12 000 денари додека четвртиот 3 000 денари.
Покрај паричните награди ќе има признанија за најдобар играч, најдобар голман и фер плеј екипа.
Посебни признанија ќе се доделуваат за сите оние кои се заслужни за јубилејниот 40-ти турнир во мал фудбал „Петровден 2014“.
Мх.П.