Еден од најстарите турнири во мал фудбал во Македонија, „Петровден“ во Мешеишта блесна со сиот свој сјај на јубилејното 40-то издание.

Победник на 40-то издание беше екипата на АСП Пак која по изведување на пеналите се искачи на тронот.

Победникот беше награден со парична награда, а со огномет беше ставена точка на турнирот.

Мх.П.